Женскиот кошаркарски клуб Струга 2009 продолжува со одлични настапи во Втората МКД лига. Сениорската екипа оствари убедлива гостинска победа против К.Б. Шкупи во Скопје, наметнувајќи целосна контрола уште од самиот почеток на натпреварот.
К.Б. Шкупи – Ж.К.К. Струга 2009 29:73
(08:17; 00:28; 10:24; 11:04)
Најефикасна кај победничката екипа беше Муртезаи со 20 поени, по што следеа Даути со 16, Зиба со 11 и Хиса со 10 поени. Дукоска постигна 6, Незири 4, додека Танаскоска, Таранеши и Миладиновска додадоа по 2 поени.
Кај домашниот состав на Шкупи, најдобар поединец беше Рустеми со 15 поени.
Кадетките со доминантен настап во Кавадарци
Кадетската селекција на Струга 2009 прикажа извонредна игра и запиша висока победа на гостувањето кај Спортисимо во Кавадарци.
Спортисимо – Струга 2009 16:87
(03:12; 01:25; 07:22; 05:28)
Прво име на натпреварот беше Мијевска со 22 поени, Мојсоска реализираше 18, а Кочареска 15 поени. Со по 8 поени натпреварот го завршија Коруновска, Стеблева и Ашталкоска, додека Танаскоска постигна 6, а Узуновска Т. 2 поени
Пионерките сигурни против Спортисимо
Со дисциплинирана игра и убедлива разлика, пионерската екипа на Струга 2009 исто така се враќа со победа од Кавадарци.
Спортисимо – Струга 2009 25:61
(05:11; 10:20; 09:08; 01:22)
Најефикасни беа Узуновска Т. и Ајдиновска Џ. со по 12 поени, Хаџиева додаде 10, Узуновска А. и Јанкоска по 8, Пејчиноска 6, Ајдиновска Т. 5, а Селими 2 поени.




