Екипата на ЖКК Струга 2009 славеше на гостувањето против ЖКК Работнички со 49:78 по четвртини (16:14, 19:27, 07:22, 07:15). Најпрецизни за Струга беа Томпсон 28 поени, Устијаноска 21 поени, Стојановска 17 поени, Шеќероска 8 поени и Џутеска 6 поени.
Кај домаќините најдобра беше Муса со 37 поени. Следна утакмица стружанки ја играат на домашен терен против екипата на МЗТ Скопје.



