Во последниов период се шпекулира дека еден од најдобрите дефанзивци во светот Рафаел Варан би можел да си замине од клубот. Најзаинтересиран за него во минатите преодни рокови беше Манчестер Јунајтед, но тренерот на мадриѓани, Зинедин Зидан нагласи дека Варан нема да оди никаде.
Стоперот на Реал Мадрид има преку 200 настапи за овој тим, а беше дел од сите четири титули во Лигата на шампионите оваа деценија. Покрај тоа, Варан се закити и со медали од освојувањето на три трофеи во Примера, три Светски клупски титули и една во Купот на Кралот.
.



