Во рамките на 17 коло од Прва ЖФЛ по Куп натпреварите повторно се враќаат возбудувањата во првенството, каде што во Битола на стадионот ,,Павел Шатев” домашната екипа на ЖФК Топ Гол извлече голем бод против фаворитот ЖФК Скопје одигрувајќи ефикасно реми со резултат од 4:4.
Двете екипи ги поделија бодовите, а гостинската екипа жали за пропуштената шанса да се дојде до нови три бода, воедно не се задоволни со арбитражата на овој меч, а за ЖФК Скопје двоен стрелец беше Миа Головска и со по еден гол средбата ја завршија Аниел Пејаковиќ и Стефанија Ристова.



