Во рамките на 17 коло од Прва ЖФЛ по Куп натпреварите повторно се враќаат возбудувањата во првенството, каде што во Скопје, тимот на ЖФК Шкупи го нагости битолскиот тим, ЖФК Атлетико и резултатот гласи 1:2.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, а најзаслужни за трите бода се стрелците Јована Павловска и Изабела Илиевска. Битолчанки по куп триумфот серијата ја продолжија и на првенствен натпревар.