Во рамките на 18 коло од Прва ЖФЛ ЖФК Тиверија во Струмица ја нагости екипата на ЖФК Топ Гол од Битола и ја совалда со убедливи 9:0, од кои што имаше дути седум различни стрелци.
Најефикасна на натпреварот беа Велкова Сара со постигнати 3 гола, а по еден гол постигнаа и Николовска Теодора, Бошеска Ане, Јосифова Ива, Димоска Теодора, Велкова Радица и Михајлова Ања. Наредното коло ЖФК Тиверија гостува во Битола кај екипата на Атлетико. Натпреварот е закажан за среда, 24.03.2021 година.