Севилја во последните секунди се извлече од пораз на гостувањето кај Валјадолид, а голот за 1:1 го даде голманот Боно. Мароканецот најдобро се снајде во мешаницата во 16-никот на домашните после еден корнер, а имаше и многу среќа.
Боно е прв голман во клупската историја на Севилја кој постигнал гол на лигашки натпревар. Во прилог и видео од постигнатиог гол за спас на бод на голманот на Севилја: