Во рамките на 19 коло од Прва ЖФЛ, ЖФК Скопје конечно го скрши малерот и по последните неколку лоши резултати дојде до минимална но сосема заслужена гостинска победа над тимот на ЖФК Речица.
Двете екипи имаа шанси пред противничките гола, се трудеа натпреварот да го завршат во своја полза, но единствениот гол во првото полувреме на Стефанија Ристова се покажа решавачки за триумфот на Скопје и освоените три бода.



