Леванте го совлада тимот на Логроњо со 3:2 во рамките на женската фудбалска Примера, каде што почетниот гол беше дело на нашата најдобра македонска фудбалерка, Наташа Андонова во четвртата минута, а по завршувањето на средбата беше прогласена за најдобра фудбалерка на мечот или популарно наречено ја доби наградата за МВП.




