Денес беше одиграно последното 38. коло од англиската Премиер лига во коешто се одлучија две работи – патниците во европските натпреварувања и екипите што изборија опстанок.
Лестер и Манчестер Јунајтед во директен дуел одлучија кој ќе игра во Лигата на шампиони наредната сезона. Тоа ќе биде тимот од Манчестер кој славеше со 0-2 на денешниот натпревар. Исто така, Челзи со победата од 2-0 над Вулверхемптон го осигура пласманот на Лестер во Европа лигата. Освен Манчестер Јунајтед и Челзи, во ЛШ ќе отидат и Ливерпул и Манчестер Сити.
Што се однесува до екипите што се бореа за опстанок, наредната сезона во ПЛ ќе го гледаме повторно тимот на Астон Вила кој избори реми од 1-1 против Вест Хем. Блиску до опстанок беше и Барнмут, кој славеше над Евертон со 1-3 и чекаше пораз на Вила и Вотфорд. Вотфорд мораше да го победи Арсенал (плус Астон Вила да не победи против Вест Хем) за да опстане, но „Стршлените“ загубија со 3-2 во можеби најинтересниот натпревар од сите десет. Судејќи по ова, во Чемпионшип, наредната сезона ќе ги гледаме Норвич Вотфорд и Барнмут.
Како што веќе беше познато, новиот англиски шампион е Ливерпул, кој денес рутински го совлада Њукасл со 1-3 за освојување на 32. победа сезонава.
Резултати од 38. коло:
Арсенал 3-2 Вотфорд
Барнли 1-2 Брајтон
Челзи 2-0 Вулверхемптон
Кристал Палас 1-1 Тотенхем
Евертон 1-3 Барнмут
Лестер 0-2 Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити 5-0 Норвич
Њукасл 1-3 Ливерпул
Саутемптон 3-1 Шефилд Јунајтед
Вест Хем 1-1 Астон Вила