Екипата на Вашингтон Стејт има навистина успешен старт во натпреварите од новото издание на НЦАА лигата. Тимот за кој од оваа сезона настапува и нашиот млад репрезентативец, Андреј Јакимовски, ја забележа и третата по ред, победа во шампионатот.
Уште еднаш, со голем пресврт, направен во второто полувреме, а со кој „Кугарс“ го совлада Орегон Стејт со резултат 59:55. На оваа средба во Орегон, Јакимовски доби само десет минути во кои реализираше само еден скок.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



