Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека е задоволен што публиката полека се враќа на трибините во Премиерлигата, но смета дека атмосферата ќе зависи од тоа каков профил на луѓе ќе бидат на трибините.
Тотенхем во недела на свој терен игра соседско дерби со Арсенал и на стадионот ќе се дозволи присуство на 2.000 гледачи. Жозе Мурињо бара од нив да бидат активни учесници, а не само неми набљудувачи.
„Од профилот на навивачите зависи каква ќе биде атмосферата. Прашање е дали ќе сакаат да дојдат на најубавиот стадион во Англија и да уживаат во тоа, или сакаат да дојдат и да играат со нас? Ако сакаат само да уживаат во стадионот, нема да има разлика. Ако сакаат и тие да ,,играат”, тоа ќе ни даде поголема мотивација и задоволство“ – изјави Жозе Мурињо во врска присуството на навивачи на трибините.