Вукашин Ракоција левиот бек на РК Струга го одбележа 9. коло од плеј-офот на Суперлигата со неговите 13 голови против Металург. Иако неговата Струга загуби денес Ракоција покажа класа. Во плеј-аутот имаше уште двајца двоцифрени денес, а тоа беа Реваз Чантурија од РК Прилеп и Тоше Ончев од РК Работнички со по 10 погодоци.




