Екипата на Баскет КАМ 2011 од Македонска Каменица ј е новиот освојувач на Купот кој од оваа година го носи името на нашата кошаркарска легенда „Благоја Георгиевски Буштур“.
Во финалниот натпревар одигра во СРЦ „Кале“, беа многу подобра екипа од Бадел 1862. Од првата до последната минута од финалните 40. екипата од Македонска Каменица потврди дека со право важеше за фаворит и на овој финале турнир во Скопје.
БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ 64:81
Српската интернационалка, Драгана Гобељиќ, облечена во дресот на Баскет Кам се закити со признанието најкорисен играч на финалето од Купот 2021, „Благоја Георгиевски Буштур“.Во триумфот на Баскет Кам над Бадел 1862 со 64-81, таа помина нешто помалку од 37 минути на паркетот за кои имаше учинок од 25 поени, 9 скока и пет асистенции, за вкупен индекс на корисност од 35 поени на ефикасност.



