Вардар вечер во „Јане Сандански“ од 18:45 часот ќе го пречека европскиот вицепрвак Алборг. Тренеро на Вардар, Веселин Вујовиќ во пресрет на натпреварот изјави:
“Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нѐ анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвени. Со браќата Њокас добивме опасност на шутери, ни фалеа пред да дојдат дури и со Гурбиндо, но добивме и опасност за нас од технички грешки. моја задача како тренер е да ги смирам, зашто тие се потрошувачи на топки. Имаа страшна партија со Мешков и јас сум свесен дека нема да можат да ја повторат, дека ќе паднат кога и да е во текот на сезоната. Уште не знам точно за што е способна оваа екипа. Јас се изненадив од добрата игра со Мешков, од друга страна мислам дека можевме повеќе со Пелистер, но тоа е минато. Е ајде сега да видиме со овој противник по мерка и играчки и тренерски. Ако го добиеме Алборг, тогаш нашите амбиции ќе ги надминат оние првичните, нормалните“.