Петтиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во германскиот Конихзее.
На денешната програма беше петтата трка во две серии во машки дублови, односно седма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови.
Накрај, по вторпат во низа, победија Тони Егерт и Саша Бенекен (1:40,284), кои беа втори после првата серија. Нивните сонародници, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (+0,141), се искачија на второто место, а подиумот го комплетираа водечките во генералниот пласман Томас Штој и Лоренц Колер (+0,470). Во топ 5 се пласираа уште Јаник Милер и Армин Фраушер (+0,666), односно браќата Јурис и Андрис Шикс (+0,743).
📸 imago sportfotodienst