Во период од само два дена, Трактор Чељабинск ја запиша втората победа над Амур Хабаровск на гостински терен.
Завчера, вицешампионите од 2013 победија со 2-4, а денес повторно постигнаа двојно повеќе погодоци од ривалите, но триумфираа минимално со 1-2.
Во секоја третина падна по еден погодок. Во првите две, Трактор ја затресе противничката мрежа преку Виталиј Кравцов и Сергеј Калинин, а во последниот период, Амур постигна почесен гол, благодарение на Владимир Бутузов.
Не толку честа појава на ледените плочи е двојната замена на голманската позиција, нешто што денес го изведе Сергеј Светлов, тренерот на Амур, заменувајќи ги по двапати голманите Марек Лангхамер и Јевгени Аликин.
Со овој триумф, Трактор скокна на четвртата позиција на Истокот, додека Амур останува осми.



