Екипата на Вардар1961 отпатува во Осло, Норвешка каде го игра првиот натпревар од групната фаза од Лига на шампионите.
Средбата меѓу Елверум и Вардар е закажана за 15 септември 2021 година со почеток во 18,45 часот.
Делегацијата на Вардар1961 е составена од 22 членови. Од стандардниот состав на Вардар, во Осло не отпатуваа Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо. Во екипата се и браќата Оливие и Кевин Њокас.