Во полуфиналето во Купот на Хрватска Осиек имаше водство од 0:2 против Риека и по влегувањето во игра од 54 минута на Дарко Велковски, неговиот тим заигра многу подобро и стигна до целосен пресврт и триумф од 3:2. Риека со овој триумф избори финале и ќе игра против Локомотива од Загреб. Финалето е закажано за 1-ви август.



