Натпреварот во лежење, кој е единствен во Eвропа во црна гора, а кој по 11-ти пат се организира во етно-селото „Монтенегро“ во Брезна, во Пива, вчера собра девет натпреварувачи од Никшиќ, Подгорица, Даниловград и Белград кои ќе се борат за парична награда од 350 евра.
Натпреварувачите рекоа дека се надеваат дека ќе го соборат рекордот што минатата година го постави Дубравка Алексиќ од Подгорица, која стана по 117 часа лежење.