Денес се одржа прес конференција по повод првото издание на турнирот “Крсте Андоновски – Усташ” кој ќе се одржи наредните два дена во Охрид.
„Да се надоврзам на капитенот. Голема благодарност до општината Охрид и до раководството за организација на овој турнир што ќе го организира во чест на мојот дедо. Задоволството е големо почестени сме како фамилија. Емотивно е, љубовта кон ракометот ни ја всади баш нашиот дедо“, вели Даниел Андоновски, повратникот во тимот на РК Охрид.