Во Интер сега е вистинска Ковид болница, Бастони, Шкриниар, Наинголан, Јонут Раду и Роберто Гаљардини исто така имаат позитивни тестови. Најнов член што е заболен од вирусот е искусниот англичанец Ешли Јанг кој беше стандарден во првата постава оваа сезона.
Јанг сега треба да одлежи 14 дена карантин, пред да се врати на терените, а Антонио Конте има главоболки и сериозни проблеми пред дербито со Милан. Се најавува дека Интер ќе мора да побара одложување на мечот со Милан закажано за 17 октомври.



