Виктор Ангелов дебитираше за новиот клуб Волунтари, ги одигра последните десеттина минути против тимот на УТА Арад , но не успеа да помогне да се запре црната серија од 8 меча без победа на романскиот тим во Првата лига.
Ангелов влезе во игра во 83. минута, а неговиот тим загуби со 0:1 со примен гол во 94. минута. Волунтари се бори за опстанок и има само 15 бода на 14. место, колку што имаат и претпоследниот Арѓеш и фенерџијата Поли Јаши.