Екипата на Орландо Меџик падна на учинок од 6-5, откако го запиша вториот врзан пораз.
Имено, претставниците на Флорида беа надиграни на домашен терен од Милвоки Бакс (7-4) со резултат од 99-121.
Во првите петнаесетина минути игра, резултатот варираше со неизвесни варијации, а во четвртата четвртина, Милвоки ја стекна и ја одржа двоцифрената предност.
Најефикасен од сите кошаркари на паркетот беше Црногорецот од редовите на Орландо, Никола Вучевиќ, со дабл-дабл учинок од 28 поени и од 13 скокови.
По него следуваше Јанис Антетокумбо со 22 поени, со 5 скокови и со 4 асистенции, а од победничкиот состав, единствен со дабл-дабл беше Крис Мидлтон (20 поени и 10 скокови).
📸 Orlando Magic Daily