Хокеарите на Динамо Москва му го нанесоа шестиот пораз во исто толку одиграни натпревари на Амур Хабаровск.
Претставниците на Хабаровск се ,,заковани” на дното на Истокот, заедно со Кунлун, кој исто така е вез ниту еден освоен поен.
Денес, Динамо Москва ја запиша својата втора победа во низа, а воедно и втората во новата КХЛ сезона, победувајќи со 2-4.
Во првата третина, Александер Горшков му донесе водство на Амур, а Динамо, во вториот дел, преку Андреј Миронов, Иван Игумнов и Вадим Шипачјов поведе на 1-3.
До крајот на третината, Амур намали на 2-3 со голот на Сергеј Терешченко, а во третиот дел, Владимир Брјуквин го постави конечниот резултат.
Со оваа победа, Динамо се искачи на осмото место во Западната конференција.



