
Синоќа, Каролина Хурикејнс ги надиграа Тампа Беј Лајтнинг со убедливи 6-0 и им го нанесоа петтиот пораз во низа.
Од друга страна, Хурикејнс, по мини-серијата од два загубени натпревари, стигнаа до две победи со вкупна гол-разлика од 12-1.
На мечот, домаќините постигнаа по два гола во секоја третина за да дојдат до конечниот резултат.
Хет-трик за победничката екипа постигна Теуво Тераваинен, а по еднаш во листата на стрелците влегоа Андреј Свечников, Шејн Гостисбер и Јеспери Котканиеми.
Лајтнинг упатија само четиринаесет шутеви во текот на цела игра, кои беа одбранети од голманот Фредерик Андерсен за неговиот прв шут-аут во сезоната.
Во Источната конференција, Тампа Беј остана на петтото место, додека Каролина ја држи втората позиција.