
Во текот на изминатите три недели, во ,,Александра Палас” во Лондон, беше одржано Светското првенство во пикадо.
Во големото финале, шампионот од 2020, Питер Рајт, дојде до својот втор светски наслов, поразувајќи го Мајкл Смит со 7-5.
За Смит, ова беше второ загубено финале на СП, додека Рајт се врати во Шкотска со награда од половина милион фунти.
На мечот, новиот шампион поведе со 2-0 во сетови, но противникот експресно изедначи и стекна предност во седмиот и во деветтиот сет.
Сепак, ,,Црвениот змеј” го оправда своето второ место на светската ранг-листа со освојувањето на двете последни партии, кои му ја донесоа титулата.
И покрај победата, Рајт беше инфериорен во однос на својот ривал во двата најважни статистички параметри: фрлања од 180 поени (17-24) и просек по три стрелки (98,34 – 99,22).
Со пласманот во финалниот натпревар, Смит изби од деветтата до петтата позиција на светската ранг-листа, притоа поразувајќи го тогашниот шампион, Гервин Прајс, во четвртфиналето со 5-4.




