Две од вкупните три овосезонски победи на Вестс Тигерс се случија против екипата на Њукасл Најтс, којашто, против нив, ја има фаворитската улога.
Токму денес, во увертирата на десеттото НРЛ коло, ,,Витезите” беа поразени од ,,Тигрите” со двојно поголема разлика, односно со 36-18.
Клучно за победата на Вестс беше првото полувреме, кое го добија со убедливи 24-4.
Во вториот дел, Њукасл беше за нијанса подобар (12-14), но тоа не беше доволно за да се избегне третиот пораз на последните четири средби.
Кај Њукасл, по еден есеј постигнаа Хајмел Хант (19′), Броуди Џонс (41′), Џејден (66′) и Тајсон Фризел (80′), а Текс Хој погоди 1/4 конверзии.
На спротивната страна најефикасен беше Адам Дуеи со две полагања (25′, 51′), со 5/6 конверзии и со 1/1 пенал.
Од неговите соиграчи, во липоентерите се запишаа Лук Брукс (4′), Џејмс Таму (10′), Давид Нофоалума (14′) и Томи Талау (48′).
На табелата, Њукасл ја зазема десеттата, а Вестс – тринаесеттата позиција, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.