
Тампа Беј Лајтнинг дојдоа до вториот врзан триумф на североистокот на САД, откако синоќа ги совладаа Њујорк Ајлендерс со 1-4.
После првата третина, домаќините имаа водство од 1-0, стекнато со голот на Брок Нелсон во деветнаесеттата минута.
Во наредните два периоди, Лајтнинг постигнаа по два погодоци, а по двапати надмудрени беа и двајцата домашни голмани – Илја Сорокин и Семјон Варламов.
Голгетери за актуелните шампиони беа Виктор Хедман, Александер Килорн, Рос Колтон и Михаил Сергачјов.
Во Источната конференција, Тампа скокна на третото место, додека Ајлендерс останаа на десеттата позиција.