Во време на пандемија на вирусот ни доаѓа убава вест од Кочани, односно од клубот ГФК Осогово. Од македонскиот клуб известуваат дека во Англија група на ентузијасти формирале клуб под името ГР Осогово.
Англичаните за Осогово се информирале преку социјалните мрежи па ги контактирале и информирале во Осогово дека се заинтересирани за оформурање на македонски клуб во Англија.
Моментално фан групата брои околу 150 приврзаници во јужниот дел на Англија во градот Портсмут и преку неколку градски компании ќе се финансира клубот.
Тимот е составен од англичани, аматерски фудбалери и без нуту еден играч од нашиве балкански простори. Гр Осогово ќе се натпреварува во најниското регионално натпреварување, „Сандеј лигата во регионот Госпорт“.
Видео:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=53iLJbxoPdo&feature=emb_logo
Извор: http://www.fkosogovo.com/



