Поради реновирање на салата во Подолск, екипата на Витјаз ќе ја одигра оваа сезона во ,,Балашиха Арена” во истоимениот град Бакашиха.
Сепак, ,,Витезите” одлично го започнаа новото првенство о остварија три врзани победи во новиот дом.
Денес, убедливо страдаше тимот на Барис Нур-Султан, кој загуби од Витјаз со 5-0.
После две третини, резултатот гласеше само 1-0, а единствен стрелец беше Скот Вилсон во последната минута од првиот период.
Во третиот дел, домаќините додадоа уште четири голови, а успешно реализираа Степан Старков, Владислав Кара, Џереми Рој и Кирил Расказов.
Од домашните редови, одличен беше и голманот Дмитри Шикин, кој со 34/34 одбрани дојде до првиот шут-аут во црвениот дрес.
Во Источната конференција, Барис го зазема десеттото место, додека Витјаз е второпласиран на Западот.