
Синоќа, за првпат после две години, Калгари Флејмс триумфираа на гостувањето кај Винипег Џетс, совладувајќи ги со 1-3.
Во првата третина, водство на домаќините им донесе нивниот најдобар овосезонски поентер – Кајл Конор.
Сепак, до крајот, Ендру Манџапане, Вокер Дир и Никита Задоров ја затресоа противничката мрежа за триумф на претставниците на Алберта.
Во Западната конференција, двете екипи се во директна борба за плејоф, заземајќи ги осмото и деветтото место со по 89 бодови.