
Дваесет и третото коло од англискиот Чемпионшип го затворија екипите на Виган Атлетик и на Шефилд Јунајтед.
Имено, на домашното тренерско деби на Коло Туре, Виган загуби на ,,ДВ Стадиум” со резултат од 1-2.
Почетна предност на ,,Сечилата” им донесе Енда Стивенс (8′) уште во раната фаза, а во вториот дел, капитенот Били Шарп (56′) го удвои водството.
До крајот, популарните ,,Латикс” направија притисок, но успеаја само да дојдат до почесен погодок преку Нејтан Броудхед (65′).
На табелата, Шефилд Јунајтед остана на второто место, додека Виган падна во опасната зона на претпоследната позиција.