Во текот на изминатиот викенд, во Понте Ведра Бич, Флорида, беше одржано 48. издание на турнирот Плејерс Чемпионшип (Шампионат на играчите), кој спаѓа во ПГА Тур.
Истиот се најде на програмата после 2019, откако минатата година беше одложен поради Коронавирусот.
Овој пат, после неверојатен последен ден, триумфираше Џастин Томас со резултат од (-14).
За Американецот, ова беше вкупно 14. победа на ПГА Тур, односно 16. во професионалната кариера.
Водечкиот после третиот ден, Англичанецот Ли Вествуд, накрај заврши како второпласиран со учинок од (-13), поради ,,боги” на претпоследната дупка.
Третото место, со по (-12), го поделија Брајсон ДеШамбо и Брајан Хармен, а петтата позиција им припадна на Телор Гуч и на Пол Кејси (-11).
📸 Sam Greenwood/Getty Images