Десниот бек на РК Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски ја даде следнава изјава за клупскиот сајт пред натпреварот од СЕХА лига против Татран Прешов кој се игра (утре) во сабота од 17:45 часот:
,,Очекував порано да се вратам од повредата. Сè уште заздравувам и влегувам во ритам и се надевам дека ќе бидам максимално спремен против Татран Прешов и дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата.Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата” – кажа за крај Велковски.
Фото и видео: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister



