За клупскиот сајт тренерот на РК Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ ја даде следнава изјава за очекувањата пред натпреварот од СЕХА лига против Татран Прешов (утре) во сабота од 17:45 часот:
,,Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел” – кажа на крај Бебек.
Фото и видео: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister