
Премиерниот меч од деветнаесеттото коло од тековната НРЛ сезона донесе аутсајдерска победа.
Имено, Канбера Рејдерс славеа со 10-12 над Парамата Илс и ја прекинаа низата од три последователни меѓусебни порази.
Во првото полувреме ниеден состав не успеа да се запише на семафорот, но после петнаесет минути во вториот дел, Рејдерс водеа со 0-12.
По еден есеј за претставниците на главниот град на Австралија постигнаа Кори Харавира-Наера (44′) и Џордан Рапана (52′), а успешно и во двата наврати конвертираше Џерод Кроукер.
Во продолжение, Илс постигнаа исто така две полагања преку Дилан Браун (55′) и преку Маика Сиво (75′), но разликата ја направи трагичарот Клинтон Гатерсон, кој погоди само една од двете конверзии.
Со овој триумф, Рејдерс, иако со натпревар повеќе во однос на конкурентите, успеаја да влезат во плејоф-зоната на осмото место, додека Илс ја држат четвртата позиција.