Единствениот белоруски претставник во КХЛ, Динамо Минск, денес дојде до третата победа во низа, откако го совлада Северстаљ Череповец со 2-1.
Во првата третина, мрежите мируваа и на двете страни, а во вториот дел, Динамо поведе со 1-0 благодарение на Артјом Демков.
Во третиот период, Јакоб Берглунд израмни на 1-1, а конечниот резултат го постави Шејн Принс на десет минути пред крајот.
На двете екипи им се неопходни поените во наредните десетина натпревари, доколку целат кон влез во плејофот. Моментално, Динамо Минск е петти на Западот со три бодови предност во однос на денешниот противник.
📸 Twitter: ХК Динамо-Минск