
Серијата од пет врзани победи на Колорадо Рокис синоќа беше прекината од Вашингтон Нешоналс, кои славеа со 3-0.
На мечот, шампионите од 2019 поентираа во првиот, во третиот и во шестиот ининг.
Од поентерите, дваесет и шестиот хоум-ран во сезоната го запиша Хуан Сото, кој ја лансираше топката 454 стапки (138 метри), а по четири бази освоија Алсидес Ескобар и Џош Бел.
Од победничкиот состав, исто така се истакна и стартниот фрлач, Паоло Еспино, кој за 5.2 ининзи освои седум страјк-аути.
Со овој пораз, Рокис (70-79) останаа на десеттата позиција, но се оддалечија од местата што водат во доигрување.
Од друга страна, Вашингтон (67-88) ја продолжува својата разочарувачка сезона, заземајќи го тринаесеттото место во Националната лига.



