Вашингтон Визардс успешно го поминаа новововедениот плеј-ин, откако синоќа ги совладаа Индијана Пејсерс со 142-115 и се пласираа во плејофот.
Мечот беше неизвесен во првата четвртина, но со серијата од 16-0 во вториот квартал, Визардс стекнаа двоцифрена предност и ја одржуваа до самиот крај.
Од победничкиот состав, Бредли Бил беше најпрецизен со 25 кошеви, а дабл-дабл запишаа Расел Вестбрук (18 поени и 15 асистенции) и Даниел Гафорд (15 поени и 13 скокови).
Кај Индијана, Малколм Брогдон имаше 24 кошеви, а Домантас Сабонис стигна до трипл-дабл учинок од 19 поени, од 11 скокови и од 10 асистенции.