Дербито на дното во Источната конференција беше одиграно синоќа помеѓу Вашингтон Визардс и Детроит Пистонс.
На него, Вашингтон славеше со 106-92, во меч во кој водеше цело време, а во еден наврат и со +30.
За победничкиот состав, Расел Вестбрук постигна трипл-дабл, составен од 19 поени, од 19 скокови и од 10 асистенции.
Освен него, уште 17 кошеви додаде и Бредли Бил.
Од другата страна, Вејн Елингтон беше најпрецизен со 15 поени.
На табелата, Детроит (12-33) остана на последната позиција, додека Вашингтон (16-28) е две места погоре.
📸 Ned Dishman/NBAE via Getty Images



