Вардар наместо да се комплетира и да ја решава нималку лесната ситуација, се случува токму спротивното, скопските ,,Црвено-црни” ги губат најдобрите играчи, а најново заминување од тимот е на Матеј Цветаноски кој беше еден од подобрите во првата натпреварувачка полусезона.
Тимот од Шкупи од населбата Чаир има и фудбалери и стратегија како да ја нападне шампионската титула и ќе бидат сериозни претенденти за највисок пласман во Прва МФЛ до крајот на сезоната или барем освојување на некои од местата кои носат во Евро-квалификациите.
Фото: FC Shkupi



