Годишното „истражување“ на Евролигата за првиот, регуларен дел од сезоната, кое го реализираат генералните менаџери на тимовите во Еврокупот, покажува дека репрезентативниот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ заедно со французинот Виктор Вембанјама се лидери во категоријата „Ѕвезди во подем“.
Генералните менаџери кои се дел од Еврокупот, во овој момент сметаат дека нашиот кошаркар е втор најдобар млад играч во ова натпреварување. Виктор Вембанјама од Нантер доби 20.8% од гласовите додека организаторот на играта на Хувентуд има 16.7% во анкетата на Еврокупот, што е доказ плус за растот на младиот македонец во една ваква, силна европска конкуренција.



