Во рамките на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар, на националната арена ,,Тодор Проески”, го пречека вечниот ривал – Пелистер.
По третпат на последните четири меѓусебни пресметки, двете екипи ремизираа, но овој пат со 2-2.
На натпреварот, скопските претставници водеа во два наврати. Најпрво, Филип Петковски (3′) ја искористи грешката на противничката одбрана за 1-0, а во воведните минути на второто полувреме, Мартин Мирчевски (48′) погоди за 2-1.
Од друга страна, Пелистер израмнуваше двапати преку дебитантскиот гол на Иван Пејаковиќ (22′) и преку третиот овосезонски погодок на Борче Маневски (79′).
Накрај, Вардар беше позадоволен со освоениот поен, имајќи предвид дека гостите од Битола ја имаа иницијативата во текот на цел меч.
На табелата, Пелистер изби на деветтото место, додека Вардар ја зазема шестата позиција.
📸 Фејсбук: FK Vardar