Синоќа, по вторпат во низа, силите на теренот ,,Гарантид Рејт Филд” ги одмерија Чикаго Вајт Сокс и Кливленд Индијанс.
Имено, завчера Вајт Сокс славеа со 4-3, а во вториот дуел, Индијанс го возвратија ударот и триумфираа со 0-2 после продолжение.
Единствените поени паднаа во десеттиот ининг, кога Франмил Рејес и Џош Нејлор стигнаа до четвртата база по ударите на Роберто Перез и на Амед Росарио.
Што се однесува до фрлачите, Шејн Бибер беше најзаслужен за победата на Кливленд со дури единаесет страјк-аути во девет ининзи.
На спротивната страна, пет играчи пристапија кон оваа позиција, а од нив, најмногу се истакна Лукас Џолито со осум страјк-аути во седум ининзи.
Со новиот триумф, Кливленд (6-4) дојде до третото место во Американската лига, додека Вајт Сокс (5-6) се спуштија на осмата позиција.
📸 Nuccio DiNuzzo/Getty Images



