
Тампа Беј Лајтнинг се на само чекор до одбрана на титулата, откако поведоа со вкупни 3-0 во финалето против Монтреал Канадиенс.
Синоќа беше одигран нивниот трет меѓусебен дуел, кој заврши со 3-6 во корист на Тампа.
Во секоја од трите третини, Канадиенс постигнуваа по еден, а Лајтнинг по два гола.
Стрелци за канадскиот состав беа Филип Дано, Ник Сузуки и Кори Пери.
На спротивната страна, двапати стрелаше Тајлер Џонсон, а по еднаш погодија Јан Рута, Виктор Хедман, Никита Кучеров и Блејк Колман.
Четвртиот, а потенцијално и последниот дуел, е закажан за вечерта помеѓу 5 и 6 јули со почеток од 02.00 часот после полноќ.