
Синоќа, Чикаго Вајт Сокс ја запишаа седмата победа на последните осум средби, совладувајќи ги Хјустон Астрос со 4-0.
На мечот, домаќините постигнаа по еден поен во вториот, во четвртиот, во петтиот и во седмиот ининг.
По еден хоум-ран запишаа Јоан Монкада и Тим Андерсон, а по четири бази освоија Били Хамилтон и Дени Мендик.
Освен нив, важна улога во триумфот инаше и фрлачот Карлос Родон, кој за седум ининзи допушти само една база и направи десет страјк-аути.
Во Американската лига, овие две екипи, заедно со Бостон Ред Сокс, се наоѓаат на првата позиција со по 56 победи.