Филаделфија 76ерс се првиот тим од Истокот што стигна до пет победи, односно до учинок од 5-1 за првото место во конференцијата.
Претставниците на Пенсилванија синоќа ги добија Шарлот Хорнетс (2-4) со 127-112.
Во текот на мечот, Филаделфија беше константно во позитива, од почетокот до крајот.
Тери Розиер беше најефикасен играч, а воедно и заслужен за речиси една третина од вкупниот капитал на Шарлот, погодувајќи 35 поени.
Кај 76ерс, Тобијас Херис постигна 24 поени, а Џоел Ембиид (19 поени и 14 скокови) и Бен Симонс (15 поени, 12 скокови и 11 асистенции) постигнаа дабл-дабл, односно трипл-дабл.
📸 Charlotte Observer