
ЛА Доџерс ја запишаа дванаесеттата победа во сезоната, откако синоќа ги совладаа Аризона Дајамондбекс со 0-4.
Гостите од Лос Анџелес постигнаа два поени во првиот и по еден поен во петтиот и во осмиот ининг за да стигнат до конечниот резултат.
Поентери за победничкиот состав беа Вил Смит со хоум-ран, односно Муки Бетс (х2) и Фреди Фримен со по четири освоени бази.
Одлична партија за претставниците на Калифорнија одигра фрлачот Вокер Булер, кој освои десет страјк-аути.
Во Националната лига, ЛА Доџерс (12-4) го заземаат првото место, додека Аризона (6-11) ја држи тринаесеттата позиција.