По трите меѓусебни врзани порази, Оклахома Сити Тандер синоќа ги совладаа Мемфис Гризлис со 128-122.
Во текот на мечот, двете екипи константно го менуваа водството, а во текот на четвртата четвртина, Тандер имаа предност во континуитет.
Накрај, Шеј Гилџус-Александер (Оклахома), со 30 кошеви, беше најефикасен кошаркар на паркетот.
Од неговите соиграчи, натпреварот со дабл-дабл го заврши Србинот Алексеј Покушевски, кој имаше 23 поени и 10 скокови.
Од противничкиот табор, дабл-дабл учинок од 16 поени и од 14 скокови запиша Јонас Валанчиунас, а Џа Морант беше најпрецизен со 22 поени.
На табелата на Западот, Оклахома (17-22) го држи единаесеттото место, додека Мемфис (17-18) е една позиција подобар.
📸 USA TODAY Sports



